На 22 овој месец, во 09,20 часот од страна на ПС за ВПС-Автопатна Тетово во близина на наплатна станица Глумово сопрено е ПМВ „Ауди А6“, сопствености управувано од страна на турскиот државјанин Н.Б.(26), а по претходно сознание на мобилната единица за сузбивање на прекуграничен криминал и компензаторни мерки во содејство со СНТД при ОСОСК дека возилото се користи за криумчарење златен накит и дрога. Во времето кога возилото е сопрено сопатник во истото бил Д.Б. татко на првопријавениот за кого постојат оперативни сознанија дека користи лажен идентитет и којшто поседувал фалсификувана косовска патна исправа со лажен идентитет.
При изврешен преглед во возилото пронајдени се парични средства, а под возачкото и сувозачкото седиште биле пронајдени метални предмети златно жолта боја завиткани во најлон кеси, односно златен накит во количина од околу пет килограми. По ова двајцата се лишени од слобода и приведени во ПС за НК Гази Баба.
ОСОСК истиот ден достави известување до ОЈО Скопје и по обезбедени Наредби за претрес, изврши претрес на две локации и тоа, во Гостивар во стан сопственост на С.Ш., а каде престојувал Н.Б., каде што не се пронајдени предмети на кривично дело и во стан во Скопје, каде престојувал Д.Б., каде што пак се пронајдени две пакувања облепени со селотејп-трака во кои имало златен накит во количина од околу еден килограм (една златна плочка со натпис 250 гр. две златни нараквици, две женски ланчиња, 60 златни привезоци, 54 златни престени, 37 пара златни обетки, 15 златни ланци).
Од страна на ОСОСК пронајдените метални предмети се одземени со потврди за привремено одземени и истите се доставени за понатамошно вештачење до Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, а против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по чл.278-б од КЗ на РМ, за кои знаеле дека се предмет на „криумчарење“ по чл.278 и „царинска измама“ по чл.278-а од КЗ.
Инаку Д.Б. е баран по меѓународна потерница распишана од страна на Турската полиција за одлежување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело недозволена трговија со дрога и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка е потврден идентитетот на истиот и е започната постапка за екстрадиција.