Проектот на Министерството за труд и социјална политика „Одбиј работа на црно“, денеска во Општина Охрид, беше промовиран пред психолозите, педагозите и класните раководители од средните училишта, како и пред претставници на Агенцијата за вработување.
Целта на проектот во кој се вклучени и Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенциите за привремени вработувања „Партнер“, „Вработување лизинг“ и „Мотиви“ е да се едуцираат вработените во средните училишта за нивните права од работен однос.