Светски ден на градовите

На 27 декември 2013 година, Генералното собрание на ОН (со резолуцијата А/РЕС/68/239) одлучи да го назначи 31 октомври како Светски ден на градовите, започнувајќи од оваа 2014 година.

Генералното собрание го признава значењето на правичниот и соодветен пристап до урбаните и основните услуги како основа за одржлива урбанизација и со тоа целокупниот социјален и економски развој.

Обединетите нации ги поттикнуваат владите и нивните партнери да користат методологии за проширување на градовите за водење на одржлив развој на градовите кои доживуваат брз урбан раст, со цел да се спречи зголемувањето на бројот на сиромашни, подобрување на пристапот до урбаните основни услуги, поддршка за домување, подобрување на можностите за вработување и да се создаде безбедна и здрава животна средина.

„Во еден свет каде што веќе повеќе од половина од населението живее во урбани области, човековата иднина е во голема мера урбана иднина. Ние мора да ја добиеме урбанизацијата на вистинскиот начин, што значи редуцирање на емисиите на штетни гасови, зајакнување на еластичноста, обезбедување на основните услуги како што се вода и санитарни услови и дизајнирање на безбедно јавни улици и простори за сите“. – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.