Инфраструктурните зафати во ОУ „Св.Климент Охридски“ кои беа планирани за месец септември и октомври завршија според планираното и предвиденото во годишната програма за работа, вели директорот на ОУ „Св.Климент Охридски “, Јордан Пуроски.
„Во ПУ„Даљан“ заврши реконструирањето на тоалетот, при што старите „чучевци„ кои ги користеа наставниците и учениците беа заменети со wc школки.“– рече Пуроски.
Како што вели Пуроски, исто така во централното улилиште на просторот околу споменикот „Св.Климент Охридски“ поставени се клупи кои секојдневно се користат од страна на учениците, родителите и месното население.