Празничен прием за делегацијата на Сојузот на борците од НОАВМ

Претседателот на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, во рамките на одбележувањето на 7 ноември- Денот на ослободувањето на Охрид имеше празнична средба со делегација на Сојузот на борците од Народно- осолободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата на која присуствуваше и пратеникот Александар Николоски, претседателот на Сојузот на борците од НОАВМ Гоце Георгиевски, се заблагодари за поддршката од општина Охрид и заедничкото одбележување на значајни јубилеи од настани во Народно- ослободителната антифашистичка војна во Македонија.Заеднички беше констатирано дека соработката ќе се интензивира и дека општина Охрид, во рамките на можностите ќе прави напори да поддржува некои од проектите на Сојузот на борците од НОАВМ.

sredba_konjanoska_borci_4001