Сметката на ОУ „Григор Прличев“ ќе биде одблокирана и училиштето ќе добие електрична енергија

„Локалната самоуправа интензивно работи да го реши проблемот со доверителите кои ја имаат блокирано сметката на Основното училиште „ Григор Прличев“ и веднаш потоа ќе биде платен долгот кон ЕВН и училиштето ќе добие електрична енергија“ – изјави денеска градоначалникот Никола Бакрачески. Објасни дека има доволно средства за плаќање на долгот за потрошена електрична енергија кон ЕВН , но тој не може да се подмири се додека не се одблокира сметката на училиштето.

Со крајно несериозни изјави опозицијата го злоупотребува овој случај во медиумите. Јавноста знае дека оваа локална власт наследи долг од над 5о милиони евра , во кои се и долговите на основните и средните училишта и на јавните претпријатија, меѓу кои беа и долговите на ОУ „Григор Прличев“.– рече Бакарачески.

По доаѓањето на градоначалничкото место, во март 2013 година во ОУ „ Григор Прличев“ беше затекнат долг од 8.385.868,00 денари од кои 521.797,оо денари за неплатена електрична енергија. На 28.05.2013 година беше блокирана сметката на ОУ „ Григор Прличев“ за стар неплатен долг за нафта кон еден доверител во износ од 1. 574. 000,оо денари.Локалната самоуправа го подмири долгот и сметката е одблокирана , при што беше платен и заостанатиот долг за електрична енергија во износ од 521. 797,оо денари. Мора да се потенцира дека во текот на 2013 година од општинскиот буџет на сметката од ОУ „ Григор Прличев“ префрлени се 2. 479. 000,оо денари од кои 521. 800 денари за електрична енергија.

„Она што зачудува кај опозицијата е тоа што вината за она што го направија како резултат на нивното неодговорно кабадахиско однесување, сакаат да ни ја префрлат нам. Се прашуваме зошто не направиле ништо да најдат решение за регулирање на обврските кон доверителите од дваесетгодишниот судски спор поради што за енормно висок износ е блокирана сметката на училиштето. Ние остваривме контакти со МОН, ЗЕЛС и извршителите за изнаоѓање на решение, но тоа тешко оди, зошто некој пред нас не си ја завршил работата и си играл со судбината на нашите деца. Ние имаме средства да ги платиме тршоците за потршена електрична енергија, но тоа не можеме дека го сториме поради огромните грешки и кабадахиското владеење на нашите претходници“- рече градоначалникот Бакрачески.