Проектот „Образованието и полицијата против дрогата во заедницата“ што заеднички го реализираат Секторот за внатрешни работи и Локалната самоуправа продолжи со имплементација во основните училишта во Охрид. Од почетокот на месецов предавања за штетноста од употреба на дрогите се одржаа во ОУ „ Христо Узунов“ , ОУ „ Григор Прличев“ , ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец со подрачните училишта од селата Куратица и Косел, ОУ „ Кочо Рацин“ со подрачното училиште од село Долно Лакочереј и ОУ „ Живко Чинго“ од село Велгошти.
Во текот на месец март годинава, проектот се реализираше во охридските средни училишта, а неговата цел е превентивно да се делува за да се подигне свеста кај младата популација од опасноста од употребата на дрога.