Светскиот ден на филозофијата е воведен во 2002 година од страна на УНЕСКО во чест на филозофскиот одраз во целиот свет.
Во 2005 година, на Генералната конференција на УНЕСКО беше одлучено Светскиот ден на филозофијата да се слави секој трет четврток од ноември.
Темата за оваа 2014 година е: „Општествена трансформација и интеркултурен дијалог.“
УНЕСКО го промовира Светскиот ден на филозофијата – но не го поседува. Тој му припаѓа на секого, насекаде, на оние кои се грижат за филозофијата.
Неговата цел е да ги охрабри луѓето од светот да го споделат своето филозофско наследство и да ги отворат своите умови за нови идеи, како и да се поттикне јавна дебата меѓу интелектуалците и граѓанското општество за предизвиците со кои се соочува нашето општество.