Еден човек му се молел на Господ:
– Господе, цел живот не сум згрешил ништо, дај ми малку да уживам пред смртта. Отсекогаш сакав да одам на Хаваи, но се плашам да летам со авион, со брод многу ми се лоши… Дали можеш да ми направиш еден мост до Хаваи, па да одам таму со кола?
Господ му рекол:
– Тоа навистина нема смисла, каде би биле потпорните столбови, морето е немирно, возењето по таков мост би било многу опасно. Навистина, тоа што го бараш е технички неизводливо. Дали можам да ти исполнам некоја друга желба?
– Добро – рекол човекот. – Би сакал да ги разберам жените, зошто зборуваат едно, а мислат друго? Зошто плачат? Зошто не не разбираат? Зошто не можат да бидат отворени и искрени? Зошто некои работи не ги гледаат или погрешно ги разбираат? Ете тоа го сакам, да ги разберам жените!
Господ му одговорил:
– Добро, добро! Сакаш мост со две или со четири ленти?