На 5-тиот Меѓународен конгрес за перформанси и квалитет кои се одржува во Анталија, Р.Турција, голем број на презентери ги претставија новините во здравството во нивните земји. Турција како земја домаќин, ги претстави своите големи проекти кои се планираат во здравството како и веќе постигнатите резултати. Најголем интерес кај учесниците на конгресот предизвика претставувањето на проектот за отворање на мега-болници во големите градови во Турција. Овој проект предвидува отворање на болници со над 5.000 болнички кревети преку јавно-приватно партнерство во 5 градови.
Агенцијата за акредитација на здравствени установи при министерството за здравство доби меѓународно признание од интернационалната организација за акредитација на здравствени установи за стандардите кои ги имаат претставено во нивната 5 верзија, со кои нивото на здравствена заштита во болниците во Турција е на највисоко ниво. Голем интерес предизвика и информатичкиот систем за интензивна нега во државните болници со кои се овозможува следење, испитување, алармирање за здравствената состојба на пациентот преку централизиран систем кои овозможува пристап до пациентот дури и преку мобилен телефон на лекарот. Со ваков систем лекарот може да го следи пациентот, да дозира терапија, да нарача испитувања, да ги контролира сите апарати во интензивната нега, од било кое место во светот.
Домаќините посебно ја поздравија Р. Македонија како земја со која имаат соработка на највисоко ниво во здравството.Адреса: Македонија бб, 1000 Скопје Тел.: 02 3289 000ИНФО ЛИНИЈА 0800 33 222(БЕСПЛАТНА) Е-пошта: info@fzo.org.mkWeb: www.fzo.org.mk .
Директорката на ФЗОМ го претстави здравствениот систем на Р. Македонија и начинот на имплементација на ДСГ (дијагностичко сродни групи) системот во Македонија. Голем интерес предизвика фактот што Македонија во рекорден рок го има имплементирано овој систем, а други земји веќе подолго време неможат да го имплементираат, вклучително и Турција. Нејзината презентација се осврна на придобивките од ДСГ системот, извештаите кои се добиваат и служат за следење на здравствените услуги на национално ниво, како и на ниво на болница. Директорката истакна како ДСГ системот го намали времето на престој во болниците, зголеми број на здравствени услуги, воедно како систем може и да го следи квалитетот на пружените здравствени услуги (број на интра-хоспитални инфекции, компликации на здравствената состојба на пациентите итн..). Како пример директорката го истакна бројот на Царски резови во 2010 и 2013 кои драстично се зголемил, а со тоа се алармира да се промени упатството за породување и да се изврши стручен надзор дали зголемениот број на царски резови се должи на се поголем број на компликации при породувањето или на нешто друго. Во 2010 година 25% од сите породувања биле со царски рез, споредено со земјите во опкружувањето- Хрватска 21%, Словенија 19%. Во 2013 овој број во Македонија се искачува до неверојатни 33% од сите породувања да бидат со царски рез, а во земјите во опколувањето % останал ист дури и се намалува.
Директорката истакна дека преку податоците од ДСГ системот, Македонија има учествувано во две големи интернационални студии. Едната за начинот на финансирање на здравствени системи во Европа (Eurostat – OECD PPP Program) и Истражување за влијанието на топлотните бранови и воздушното загадување во Скопје како дел од RAMSES проектот (European research project to deliver quantified evidence of the impacts of climate change and the costs and benefits of a wide range of adaptation measures, focusing on cities).За претставувањето на имплементацијата на воведувањето на системот за ДСГ во Македонија, директорката Маја Парнарџиева Змејкова доби признание од организаторот на конгресот.