Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Од 25 ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, до 10 декември, Денот на човековите права, е период од 16 дена за Кампањата против родовото насилство, за поттикнување на акција и ставање крај на насилството врз жените и девојките од целиот свет.

Кампањата се означува со портокалови светла и поставување портокалови знамиња врз локалните знаменитости, поставување портокалови ленти, онаму каде што е дозволено, и да се организираат локални „портокалови маршеви“ на 25 ноември, со цел да се подигне свеста за насилството врз жените и да се разговара за решенија во заедниците.

Датумот 25 ноември е избран како потсетување на сестрите Мирабал, три политички активистки од Доминиканската Република, кои беа брутално убиени во 1960 година за време на диктатурата на Рафаел Трухило.