Согласно Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици и според Програмата за работа на градоначалникот на општина Охрид, екипи на ЈП „ Нискоградба“ продолжуваат со интензивните градежни зафати.
По налог на Секторот за комунален развој и под негов надзор,техничките екипи на ЈП „ Нискоградба“ интензивно работат на санација на мостот на реката „Далјан“ . Веќе е завршена едната страна на мостот и се очекува , доколку временските прилики бидат поволни, градежните работи да финишираат за десетина дена.Како што напоменуваат од Секторот за комунални дејности, овој зафат се реализира по одржаните работни состаноци на градоначалникот Бакрачески со претставниците на Урбаната заедница „Воска-Далјан.
Освен на санацијата на мостот,од двете страни на регионалниот пат Охрид-Струга се градат и пешачки патеки во вкупна должина од околу 60 метри.
Со санацијата на овој мост се очекува да се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овој дел од општина Охрид.