Светскиот ден за борба против СИДА 2014 е можност за користење на моќта на социјалните промени да ги стави луѓето на прво место и да се затвори разликата во пристапот.
Ставањето крај на епидемијата на СИДА до 2030 година е можно, но само со затворање на јазот помеѓу луѓето кои имаат пристап до ХИВ превенција, третман, грижа и услуги за поддршка, и луѓето кои се оставени сами на себе.
Затворање на јазот значи зајакнување и овозможување на сите луѓе, насекаде, да имаат пристап до услугите кои им се потребни.
- Со затворањето на јазот за тестирањето на ХИВ, 19 милиони луѓе кои не се свесни за својот ХИВ-позитивен статус може да почнат да добиваат помош и поддршка.
- Со затворањето на јазот за третманот, сите 35 милиони луѓе кои живеат со ХИВ ќе имаат пристап до медицина која може да им го спаси животот.
- Со затворање на јазот во пристапот до лекови за деца, сите деца кои живеат со ХИВ ќе бидат во можност за пристап до третман, а не само 24% кои имаат пристап денес.
- Со затворањето на јазот во пристапот, сите луѓе можат да бидат вклучени како дел од решението.
Затворање на јазот значи дека е можно да се стави крај на епидемијата на СИДА до 2030 година.
„На овој Светски ден за борба против СИДА, ги повикувам светските лидери да се обединат во нашата заедничка идеја. Започнавме да ја менуваме тенденцијата, имаме поставено јасна цел. Дозволете ни заедно да и ставиме крај на СИДАта до 2030 година“. – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.