Меѓународен ден на укинување на ропството

Меѓународниот ден на укинување на ропството, 2 декември се одбележува на денот на неговото донесување, од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации, на Конвенцијата за сузбивање на трговијата со луѓе и експлоатација на проституцијата (резолуција 317 (IV) од 2 декември 1949 година).

Во фокусот на овој ден е искоренувањето на современите форми на ропство, како што се трговијата со луѓе, сексуална експлоатација, најлошите форми на детски труд, присилни бракови, и присилното регрутирање на деца за употреба во вооружени конфликти.

Денес, 21 милиони мажи, жени и деца, се заглавени во ропство ширум целиот свет. Меѓународната организација на трудот (ILO) се здружи со истакнати уметници, спортисти – личности кои се залагаат во кампањата за ставање крај на ропството.

Во 2007 ОН ја одбележаа 200-годишнината од напуштањето на трансатлантската трговија со робови на 25 март.

„Во 19 век, меѓународната заедница се собра да го прогласи ропството како навреда за нашата заедничка човечност. Денес, владите, граѓанското општество и приватниот сектор мора да се обединат за да се искоренат сите современи форми на ропство, вклучувајќи ја и принудната работа. Заедно, да направиме се што можеме за милионите жртви низ целиот свет, кои се држат во ропство и се лишени од нивните човекови права и достоинство“. – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, по повод овој ден.

WebOhrid