Општина Охрид на ден 26.12.2014 година, организира Јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за измена и дополнување на ДУП за УЗ 17, УБ 17.4, општина Охрид, во мала сала на општина Охрид со почеток во 12 часот. Извештајот е изложен од 04.12.2014 до 03.01.2015 год. во просториите на Одделението за заштита и влијание врз животната средина и заинтересираните можат да извршат увид секој работен ден од 8 до 16 часот.
Сите заинтересирани се покануваат да земат учество во расправата, а своето мислење во врска со извештајот можат да го достават до општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација и тоа преку емаил на urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на адреса ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, Охрид.