На 6-ти декември, во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде промовирана книгата, „Фениксов допир“ од Даниела Илијоска.
Промоцијата ќе биде со почеток во 12 часот.
Авторката Даниела Илијоска е родена во Охрид, 1979 година, по вокација е книжевник, а се занимава со аранжирање и сликарство. Има самостојна изложба на уметнички дела во Центарот за култура „Григор Прличев”-Охрид. Книгата „Фениксов Допир“ е нејзина прва поетска книга.