Деновиве активностите на екипите на „Јавна хигиена“ се прилагодени согласно свеченостите кои ги организира општина Охрид по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид – Свети Климент Охридски.
„Организирани се дежурни служби со посебен режим на работа за одржување на повисок степен на хигиена на локациите каде деновиве ќе се реализира свечената програма.
Се расчистуваат пристапните патишта до Плаошник, градскиот плоштад и другите локации. Клупите околу споменикот на Свети Климент Охридски ќе светнат во нов сјај и плочникот ќе биде детално исчистен од залепените гуми за џвакање.“– велат од претпријатието.