Министерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на Филмски град во опптина Зелениково.
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место за изградба на градби со намена В3 за филмсо производство „Филмски град“, со компатибилни класи на намена.
Станува збор за една градежна парцела која е предмет на јавно наддавање и е со површина од 157.276 метри квадратни.
Јавното наддавање е електронско и истото ќе се одржи на 06.02.2015 година на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk
Почетната цена на јавното наддавање изнесува 110 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 02.02.2015 година.
Обврски што ќе треба да ги исполни најповолниот понудувач е да изгарди едно големо и едно средно филмско студио, четири објекти за сместување на филмската техника и реквизити, за аудио и видео продукција и една административна зграда.
Право на учество во јавните наддавања имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).
Целосниот текст на јавнaтa објавa може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски – www.mtc.gov.mk