Во просториите на уметничката колонија „Дебрца„ село Белчишта учениците заедно со вработените во основното училиште Дебрца организираа заедничка активност со збратименото училиште „Нури Мазари“ од с. Корошишта која гласеше „Вкусот на традицијата не спојува“.
Учениците и вработените заедно со родителите од двете училишта подготвуваа традиционални јадења кои се препознатливи во нивната култура и нивното поднебје. Со многу песна, вкусна храна и многу дружење се реализира уште една од предвидените заеднички активности од проектот на Усаид поддржан од Министерството за образование и наука.