Предавање во ОУ„ Живко Чинго“ на тема „Болести како последица од неправилна исхрана“

Во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој има за цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник, денес во Основното училиште „Живко Чинго“- Велгошти беше организирано предавање на тема „Болести како последица од неправилна исхрана“ пред учениците од одделенска настава.

Предавањето го одржа родителот Наташа Кецкарова, која на учениците им објасна кои се последиците по здравјето од консумирање на брзата храна: сендвичи, пици, чипс, газирани пијалоци и сл., а им препорача редовно, секојдневно да консумираат зеленчук и овошје, бидејќи придонесуваат за правилен психофизички развој, јакнење на имунитетот и отпорност кон заболувањата. Учениците со интерес го проследија предавањето, а потоа имаа можност да поставуваат и прашања.

WebOhrid