Виц

Три брачни парови решиле да ги прослават своите годишнини од бракот во еден хотел. После вечерата сите си заминале во своите соби. Утрото за доручек се нашле мажите: едниот со помодрено око, другиот со скршена рака, а третиот со скршени нозе.

Го прашале првиот што му се случило:

– Не прашувајте! Си влеговме во соба, почнавме да ги правиме оние работи, си завршивме работа и јас по навика од џебот вадам 100 евра и и ги давам на жена ми. Таа толку се налути што го фати пепелникот и ме погоди право во око!

Вториот:

– Слично и мене! Влеговме во соба, завршивме работа, јас по навика и давам 100 евра, а пак таа ми враќа 50. Налутен замавнав да ја удрам со рака, таа се наведна, а јас со раката право в ѕид, и си ја скршив!

Третиот:

– Јас најтешко поминав! Си влеговме в соба, почнавме со работа, и сред работа некој тропна на врата. Жена ми се уплаши и викна „Маж ми!“, а јас будала како по навика скокнав низ прозор!