Меѓународен ден на човечката солидарност

Генералното собрание на Обединетите нации, на 22 декември 2005 година, со резолуцијата 60/209 ја идентификува солидарноста како една од основните и универзални вредности што треба да придонесуваат за односите меѓу народите во дваесет и првиот век, а во таа смисла одлучи да го прогласи 20 декември како Меѓународен ден на човечката солидарност.

Со резолуцијата 57/265 Генералното собрание, на 20 декември 2002 година, го основа Светскиот солидарен фонд, кој беше формиран во февруари 2003 година, како фонд на Програмата за развој на Обединетите нации. Неговата цел е да се искорени сиромаштијата и да се промовира човековиот и социјалниот развој на земјите во развој, особено меѓу најсиромашните делови од нивното население.

Темата на Меѓународниот ден на човечката солидарност 2014 е: Да се движиме заедно како еден: Солидарноста како основа на развојната агенда на ОН по 2015 година.

Само со заедничка акција може да се решат далекусежните прашања како што се сиромаштијата и растечката нееднаквост, климатските промени, хроничната сиромаштија и главните здравствени предизвици, како што се појавата на ебола во Западна Африка.“ – изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.