Се финализира постапката со голема меѓународна фирма која работи во областа на аутсорсинг на бизнис процеси и која јавно котира на берзата во Њујорк.
„Оваа компанија ќе создаде околу 100 нови професионални работни места. Фирмата ќе вработува млади лица кои дипломирале и кои имаат одлични познавања од англискиот јазик,“ подвлече министерот без ресор за странски инвестиции Џери Наумоф на отворената владина седница.
Платата ќе биде многу добра, додаде тој и истакна дека за вработените ќе следат 10-недлени платени обуки. Oд компанијата се надеват дека со ангажирање и обука на вработените ќе започнат до крајот на февруари.