За реконструкција на Битолската и Прилепската болница и изградба на нов Ургентен центар во Кумановската болница, како и за набавка на опрема, Владата ќе инвестира 210 милиони денари, информира министерот за здравство Никола Тодоров на отворената владина седница.
„Практично со оваа информација денеска почнуваме со имплементација со носење одлука за повеќегодишна набавка за распишување најпрво на проекти за реконструкција во Прилеп, реконструкција во Битола, изградба на нов ургентен центар во Куманово и распипување тендери за набавка на шест мамографи и опрема за Св. Наум Охридски, односно старата Градска болница во Скопје,“ рече Тодоров..
Тој посочи дека во меѓувреме, заедно со стручен тим од архитекти и градрежници направиле обиколка на објектите во Прилеп, Битола и Куманово при што е утвдено што треба да се менува. Во Битола ќе се менува фасадата со што објкетот ќе добие енергетски ефикасна фасада, изолација и промена на сите прозори, промена на лифтовите и реновирање на тоалетите, што според премиерот Груевски е огромен зафат. Оваа инвестиција, како што рече Тодоров, ќе чини околу 90 милиони денари.
Болницата во Прилеп како што посочи е изградена во 1980 година и освен промена на прозорите што е направено во 2011 година немало посериозниа реконструкција, а сега се планира комплетна реконструкција на операционите сали и сите тоалети во болницата, како и промена на подови. Вкупната инвестиција се проценува на околу 40 милиони денари.
Во Куманово нов ургентен центар ќе се гради на местото каде што сега се постојните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел. Во продолжение на нив ќе се догради нов објект за ургентни хируршки амбуланти и на тој начин практично ќе се добие една целина на ургентен центар во Куманово каде што ќе биде пренесен и апаратот за комјутерска томографија. – Во истиот дел е и рендгенот што значи дека ќе имаме комплента дијагностика и за хируршки и за интернистички ургентни состојби. Оваа инвестиција е некаде околу 20 милиони денари, рече министерот за здравство.
Во Битола, посочи, инвестицијата треба да биде завршена до октомври 2016, во Прилеп нешто порано до септември 2016, а во Куманово до крајот на 2016 година да бидат комплетирани овие реконструкции.
Во однос на набавката на опремата, тој посочи дека фокусот е на Свети Наум Охридски на Универзитетската клиника за хируршки болести. Покрај тоа ќе бидат набавени и шест мамографи од кои еден е за болницата Св. Наум Охридски, а пет се за други пет установи и тоа во Охрид, Прилеп, Кавадарци, Кочани и Штип.
Покрај ова ќе бидат набавени и други апарати за Свети Наум Охридски како што се едноскоп, инструментариум апарат за гастроскопија и колоноскопија, како и многу значајни два кревети за изгореници, бидејќи таму имаме центар за изгореници. Инвестицијата за сите овие шест мамографи и останатата опрема е околу 60 милиони денари.
„Вкупната инвестиција за сите овие проекти што ги наведов е околу 210 милиони денари. Она што е важно да се напомене е дека ова се средства коишто ги обезбедивме како резултат на заштедите коишто ги направивме со набавката на инсулини и ленти за мерење на шеќер. Само од овој тендер вкупната заштеда беше 235 милиони денари, “ рече Тодоров.
Во однос на временските рокови премиерот Груевски констатира дека сите овие зафати треба да бидат завршени во 2015 и дел во 2016 година. Според Тодоров, потребно е подолго време за нивна реализаџција бидејќи се работи за градежни зафати во болници каде што има пациенти.