Од седницата на Сенатот на Меѓународниот Универзитет во Струга, која се одржа во петок на 02.01.2015 година, произлезе предлог во однос на најновите реформи на високото образование во Република Македонија. Имено, Сенатот на Меѓународниот Универзитет во Струга побара државниот испит да биде спроведен од страна на Интеруниверзитетската конференција, а не од страна на новиот Одбор за акредитација кој би требало да се формира, согласно со предлогот за измени во високото образование. Согласно со предлогот на Министерството за Образование и Наука на Република Македонија, новиот Одбор за акредитација би го сочинувале единаесет членови, од кои тројца професори од државните универзитети, тројца професори од најдобро рангираните универзитети, двајца професори од приватните универзитети и двајца професори од странство. Според заклучоците на Сенатот на МУС, споменатите единаесет членови-професори, би требало да ја сочинуваат Интеруниверзитетската конференција, која би го спроведувала државниот испит, додека Одборот за акредитација би продолжил да работи во ист формат. На овој начин според Сенатот на МУС, ќе се овозможи Одборот за акредитација и понатака да ја извршува својата работа на многу високо ниво, осносно да извршува акредитација на универзитетите и факултетите, понатака да работи на реструктуирање на студиските програми, согласно со студиските програми на најдобрите 500 универзитети во светот, да врши акредитација на професори за магистерски и докторски студии, како и да врши евалуација на квалитетот на образованието и на академскиот кадар.
Сенатот на МУС оценува дека формирањето на новиот Одбор за акредитација, како што е предвидено со новиот предлог за измени во високото образование, не би бил функционален, бидејќи во него не би членувале професори-експерти од различни научни области, па според тоа истиот не би бил во состојба да го спроведува новиот Закон за Високо образование, односно да врши акредитација и евалуација, со истовремено спроведување на државниот испит.