Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 3,28%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.12.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.12.2014 година и со тоа цената на на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,556 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 29.12.2014 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,892 ден/кг.