Јолевски – Волерс: Македонија и Соединетите Држави се докажани партнери и пријатели

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Соединетите Држави во нашата земја, Пол Волерс.

„Македонија и Соединетите Држави имаат долга и плодна соработка на сите полиња, а особено на полето на одбраната. Соединетите Држави се наш докажан партнер и поддржувач во напорите за развој и реформирање, како и на нашиот пат кон достигнување на стратегиските цели – членство во НАТО и Европската Унија“, рече министерот Јолевски на средбата. Министерот му се заблагодари на амбасадорот Волерс за личното вложување и личниот придонес во развојот на меѓусебните односи.

Амбасадорот Волерс посочи дека САД ја сметаат Македонија за пријател и сојузник, факт кој може да се види и преку долгогодишното учество на припадниците на Армијата на Република Македонија во мисијата во Ирак, како и во мисиите ИСАФ и Одлучна поддршка во Авганистан.

DSC_5162_resize