Aкцијата „Отворено со катастарот“ утре и задутре ќе се реализира во подраќното одделение за атастар на недвижности во Охрид.
Истата е наменета за контакт со сите заинтересирани граѓани кои имаат прашања и проблеми во врска со катастарот, со можност за нивно решавање веднаш на лице место.
Раководството на Агенцијата заедно со стручни тимови во точно утврдени термини ги посетуваат сите 30 подрачни одделенија на Агенцијата и остваруваат контакт со заинтересирани странки во врска со одредени прашања од односната проблематика.
Средбите со граѓаните се и можност да се слушнат прадлози, сугестии и идеи за подобрување на работата на подрачните одделенија на катастарот.
Ваквите акции се и осмислени како начин да им се предочат на граѓаните и бизнис-заедницата новините во работењето на Агенцијата, како уписот на подземна и надземна инфраструктура во електронскиот катастар и останатите реформи, спроведени во изминатиот период.
„Отворено со катастарот“ се реализира во сите градови каде функционираат подрачни одделенија на агенцијата.
Извор: Нет Прес