Некој човек се возел со такси. Таксистот на првиот семафор поминал на црвено, на вториот исто така поминал на црвено… На третиот семафор било зелено, а таксистот веднаш запрел. Човекот збунет прашал:
– Добро, човеку, кога веќе помина на два семафори на црвено, зошто застана на третиот кога е зелено?
– Остај ти зелено! Може да налета некој луд таксист!!!