Од УЈП ги потсетуваст граѓаните кои се занимаваат со земјоделство како основна или дополнителна дејност и кои оствариле приход до 1.300.000 денари во 2014 година, дека истекува рокот за користење на можноста да се регистрираат и пријават во УЈП за паушално оданочување со персонален данок.
Постапка за регистрација на земјоделците и пријавување за паушално оданочување
Доколку досега не сте регистрирани во Управата за јавни приходи како даночен обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, потребно е, најдоцна до 31 јануари 2015 година, до Управата за јавни приходи да поднесете:
Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (образец “УЈП-РДО/З“)
Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“)
НАПОМЕНА: Ако веќе сте регистрирани во Управата за јавни приходи како обврзник кој остварува приходи од земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).
Пријавата (образец “УЈП-РДО/З”) и Барањето (образец “ПДД-ПЗ”) се бесплатни и може да се преземат на шалтерите во УЈП или преку веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/pregled
Регистрираните земјоделци да пријават промена на податоците во УЈП
Доколку имате промени само во личните податоци (адресa , телефон и е-пошта), во тој случај промената на регистрационите податоци можете да ја пријавите со користење на услугата е-Промена на податоци, со повикување на бесплатната инфо линија 0800 33 000.
Доколку пак, имате промени во податоците за работна активност, податоци за членовите на Семејно земјоделско стопанство (СЗС), трансакциска сметка…должни сте да поднесете нова Пријава за регистрација (образец “УЈП-РДО/З”) заради ажурирање на вашите податоци во Регистарот на УЈП.
Обуки за земјоделци
Пријавете се и посетете ја обуката во вашата општина/град и информирајте се за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок…
Распоредот на обуките за земјоделците е објавен на веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pregled)
Корисни информации
За повеќе информации преземете ја брошурата „Паушално оданочување на приходи од земјоделска дејност” (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/45) или контaктирајте не преку е-пошта: info@ujp.gov.mk или Инфо центарот 0800 33 000.