Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се осум решенија против осум вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3 и 11 и член 207 став 1 и точки 4, 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на четири вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка – „писмено предупредување”, на двајца вработени мерка-“отказ“, и на еден вработен мерка- “распоредување еден степен пониско” а се работи за:
Џ.С. командир ПО Групчин изречена му е мерка “парична казна” (постапувал спротивно на правилата и прописите на министерството).
Г.С. самостоен инспектор Единица за ЈРМ изречена му е мерка „писмено предупредување” (со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица).
Б.Н. виш инспектор за НТ со дрога и оружје НК за КР Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).
Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет НК за КР Струга изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил ОЈО).
И.И. помлад инспектор за општ криминалитет СВР Куманово изречена му е мерка “отказ” (не постапувал по барања на ОЈО и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок).
А.Ф. полицаец во ЕСЗ изречена му е мерка “отказ” (при извршена анализа му било утврдено присуство на марихуана).
С.С. полицаец во ЕБР изречена му е мерка “распоредување еден степен пониско” (изврши дејствие што претставува прекршок против јавниот ред и мир).
Г.П. полицаец во ПС за БПС Демир Капија изречена му е мерка “парична казна” (заспал на работно место).