Вечерва средба помеѓу градоначалникот Бакрачески и Фуере

Градоначалникот Никола Бакрачески , вечерва во Куќата на Уранија, во 18 часот, ќе има средба со поранешниот евроамбасадор во Македонија, дипломатот Ерван Фуере.

На средбата се очекува да бидат разменети мислења и договорени заеднички активности за промоција на Охрид во светот, како ретко атрактивна туристичка дестинација.

Поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере е вљубеник на Охрид и годинава допатува за да присуствува на одбележувањето на „Богојавление- Водици“. Тој изминативе години редовно се капеше во Охридското Езеро за Денот на рибарите и два пати го фати бурето со вино.

Ervan_Fuere