Астрономите детектираа радио-сигнал во облик на краток – остар импулс кој доаѓа од засега непознат извор, оддалечен 5,5 милијарди светлосни години. Феноменот на овие сигнали моментално претставува голема мистерија за научниците ширум светот кои се обидуваат да ја објаснат оваа необична појава.
Сигналот трае само неколку милисекунди, а првиот импулс е детектиран уште во 2007 година откако астрономите го истражувале архивот на телескопот „Паркес“ во Австралија. Потеклото на сигналот не е познато, но се претпоставува дека би можело да станува збор за црна дупка која исчезнува, неутронска ѕвезда, па дури и сигнал кој го произведуваат интелигентни суштества.
Неодамна се детектирани шест нови импулси кои доаѓаат надвор од нашата галаксија, а седмиот импулс е „фатен“ со помош на телескопот „Арекибо“ во Порторико.