Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот со тема: „Слободата, животот и наследството на преживеаните од холокаустот“, оваа година се совпаѓа со два настани: 70-годишнината од крајот на Втората светска војна и основањето на Обединетите нации.
Формирањето на Организацијата пред седум децении во 1945 година, одразува колку длабоко е обликувана од искуството на холокаустот. Повелбата на Обединетите Нации и Универзалната декларација за човекови права ги постави принципите на човековите права за сите луѓе од целиот свет.
Оваа година Денот ќе се одбележи со церемонија, изложби, филмски проекции, дискусии и специјална изложба во рамките од Програмата на Обединетите нации за холокаустот, која е формирана пред 10 години од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.
УНЕСКО го промовира глобалното образование за геноцидот, верувајќи дека тоа ќе им помогне на младите луѓе, без оглед на нивното потекло и култура, да станат се повеќе свесни за механизмите кои можат да ги доведат општествата до насилство, и како да се спречи тоа.