Во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, во соработка со општина Охрид, денес во ОУ „Братство Единство“ ќе се одржи отворен ден за промовирање на активностите на модел училиштето.
На отворениот ден покрај промовирањето на активностите на модел училиштето, главна цел е информирање на пошироката публика и локална заедница за достигнувањата и приближување на училишната атмосфера и меѓуетничка соработка поблиску до родителите, наставниците и учениците од општината, како и до сите клучни образовни институции.
ОУ „Братство Единство“ постојано работи кон создавање на добри можности преку кои учениците од различните јазици може да комуницираат и со тоа да се создаде интегрирана околина.
Отворениот ден почнува во 16 часот во централната зграда на ОУ „Братство Единство“.