Охридските улици ќе се разубавуваат со цвеќе

Во рамките на реализацијата на годишната програма, Одделението за заштита и влијание врз животната средина, ќе го спроведе проектот – „Цветни балкони – Цветен Охрид“. За таа цел, на 09 февруари во 17 часот во големата сала на општина Охрид, ќе се организира средба со жителите на улиците: Цар Самоил, Коста Абраш и Кузман Капидан. Се молат граѓаните од споменатите улици да присуствуваат на закажаната средба и со свои предлози да учествуваат во успешно спроведување на проектот.

Cvetni_balkoni_2015