Се подигнува металната конструкција од тротоарот на улица „Мирче Ацев”

По налог на општинскиот Инспекторат денес ЈП „Охридски Комуналец ја расчистува локацијата на улица „Мирче Ацев” во близина на градинката „Лихнида”, каде од приватен имот на тротоарот беше падната метална конструкција и гранки од киви.

„Ангажирани се 4 вработени за сечење на гранките и конструкцијата, утовар, транспорт и депонирање на истите.Бидејќи сопственикот не презеде никави мерки за расчистување на конструкцијата со што беше загрозено движењето на пешаците по јавната површина, општинскиот Инспекторат ќе му достави фактура за расчистувањето.“- велат од претпријатието.

0747381