Влегува билдер во автобус, а шоферот му вели:
– Карта?
Билдерот:
– Силниот Јовче никогаш не плаќа карта!
Следното утро шоферот повторно:
– Карта?
Билдерот:
– Силниот Јовче никогаш не плаќа карта!
Еден ден шоферот бил изнервиран и прашува:
– Карта?
Билдерот:
– Силниот Јовче никогаш не плаќа карта!
На шоферот му пукнал филмот и почнал да вика:
– А зошто Јовче никогаш не плаќа карта?!?
Билдерот:
– Затоа што Силниот Јовче има месечна!!!