Екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, денеска работат на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”. Повеќегодишните растенија и декоративни грмушки се режат.
Една екипа од ова претпријатие работи на отстранување и сечење на гранките од дрвја во дворот на касарната „Михаило Апостолски“ кои беа скршени и оштетени од снежните врнежи и го нагрдуваа тротоарот на улица „Радојца Новичиќ“.