Врз основа на Член 82 од Законот за локална самоуправа, Член 106 од Статутот на општина Охрид, Одлуката на Советот на општина Охрид за определување граници на урбаните заедницина на територија на општина Охрид и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Охрид, Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.
На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.
Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред:
1. На ден 02.03 2015 година (Понеделник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница 1 – „Стар Град“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбана заедница 1 – „Стар Град“ го зазема средишниот дел од крајбрежието и се граничи со: од Исток со булевар „Македонски Просветители“, од Север со булевар „Туристичка“, од запад ул. „Пирин Планина“, „Кирил и Методи“, собирната улица „С-9“ и реката „Грашница“ и од Југ „Охридското Езеро“.
УЛИЦИ: ул. „Свети Климент Охридски“, ул. „Коста Абраш“, ул. „Цар Самоил“, ул. „Илинденска“, ул. „Кочо Рацин“, ул. „Методи Патчев“, ул. „Браќа Миладиновци“, ул. „Боро Шаин“, ул. „Григор Прличев“, ул. „Христо Узунов“, ул. „Рашанец“, ул. „Петар Чаулев“, ул. „11 Октомври“, ул. „Охридска Архиепископија“, ул. „Климент Охридски“, ул. „Кузман Капидан“, ул. „Аргир Маринчев“, ул. „Димче Маленко“, ул. „Нада Филева“, ул. „Бранко Шотра“, ул. „Пирин Планина“ – десна страна и непарни од бр. 37 до крај, ул. „Гоце Делчев“ – дел од „Чинар“ до бр.99 и бр.116 – пресек со ул. „Пирин Планина“, дел од ул. „Кирил и Методи“ од почеток до бр.40 и до бр.17, дел од ул. „Андон Дуков“ oд почеток до бр.16 и од почеток до бр.37, дел од ул. „7 Ноември“ од почеток до пресек со булевар „Туристичка“, дел од ул. „Абас Емин“ од почеток до бр.16 и бр.15 пресек со булевар „Туристичка“, ул. булевар „Македонски просветители“ лева страна до пресек со булевар „Туристичка“.
2. На ден 03.03.2015 година (Вторник) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 4 – „Воска“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбана заедница 4 – „Воска“ го зазема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. „Бистрица“, од Запад река „Даљан“, од Север булевар „Туристичка“ – клучка, и од Југ „Охридско Езеро“, реката „Грашница“.
УЛИЦИ: ул.„Гоце Делчев“ – од бр.231 до крај и од бр. 252 до крај пресек со ул. „Бистрица“, ул. „Хаџи Мустафа“ – дел, ул. „Бистрица“, ул. „Васил Стефоски“ – дел, ул. „Шар Планина“, ул. „Никола Петров Русински“, ул. „Сатеска“, ул. „Мичо Гилиќ“, ул. „Трајче Трајчески“, ул. „Распаќе“.
3. На ден 04.03. 2015 година (Среда) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 9 – „8 Септември“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница 9 – „8 Септември“ го зазема централниот дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. „7-ми Ноември“, од Запад ул. „Пирин Планина“, од Север ул. „Железничка“ и од Југ „1 Градски Ринг“.
УЛИЦИ: ново проектирана ул. „Пирин Планина“ – десна страна, ул. „Железничка“ – од пресек со ул. „Пирин Планина“ до пресек кај раскрсница кај „Здружение на возачи“, ул. „7 Ноември“ – од пресек кај раскрсница на „Здружение на возачи“ со пресек со нова ул. „Прв градски ринг“ – лева страна непарни броеви, нова ул. „Прв градски ринг“ – десна страна пресек со ул. „7 Ноември“ до пресек со ул. „Пирин Планина“, „Абас Емин“ – дел, ул. „Крали Марко“ – дел, ул. „Тетовска“, ул. „Анастасија Узунова“, ул. „Охридска Бригада“, ул. „Егејска“, ул. „Кленоец“ – дел.
4. На ден 05.03.2015 година (Четврток) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница 15 – „15 Корпус“. Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница 15 – „15 Корпус“ го зазема крајниот североисточен дел од градската територија и се граничи со: од Исток ул. „Ирина Мирка Гинова“, ул. „Живко Чинго“, ул. „Александар Турунџе“, граница на опфатот на градот, пат за Велгошти, пат за Лескоец, од Запад ул. „Кленоец“, ул. „Петрино“, од Север граница на опфатот на градот, патот „М-5“ и од Југ ул. „Железничка“, ул. „Живко Чинго“, ул. „15-ти Корпус“.
УЛИЦИ: ул. „Кленоец“ – десна страна, ул. „Српница“, ул. „Веле Марков“, ул. „Ирина Мирка Гинова“, ул. „Александар Турунџев“, ул. „Живко Чинго“ – лева страна, ул. „Железничка“ – дел од кружно каj здружение на возачи десна страна до пресек со ул. „Кленоец“.
Напомена: Граѓаните присутни на Собирот со себе да носат важечка лична карта или патна исправа заради доказ за жителство во Урбаната заедница и лична идентификација.
Врз основа на Статутот на општина Охрид,
Член 105
Советот на облиците на месната самоуправа е составен од 3 (три) до 7 (седум) членови.
Мандатот на членовите на советот на месната самоуправа трае 4 (четири) години.
Член 107
Предлагање и утврдување кандидати за членови на советот на облиците на месната самоуправа се врши на собир на граѓани, доколку присуствуваат најмалку 3% од граѓаните, жители на месната самоуправа, кои имаат право на глас.
За утврдени се сметаат кандидати кои добиле мнозинство, односно најголем број на гласови од присутните граѓани на собирот.
Член 109
За избрани членови на советот на облиците на месната самоуправа се сметаат кандидатите кои добиле мнозинство односно најголем број на гласови од избирачите кои гласале.
Врз основа на Правилата за работа на облиците на месната самоуправа:
Член 17
Собирот на граѓани (во понатамошниот текст: собир) го сочинуваат сите полнолетни граѓани со живеалиште на подрачјето на обликот на месната самоуправа.
Собирот се свикува со писмено известување, преку дневниот печат, преку електронски медиуми или на друг погоден начин.
Член 29
Предлог за кандидат за член на Советот може да поднесе секој полнолетен присутен член на собирот.
Предлозите за кандидат се даваат поединачно и секој има право да предложи само еден кандидат.
Секој предложен кандидат дава согласност за прифаќање на кандидатурата.
Член 30
За утврден кандидат се смета кандидатот кој добил мнозинство на гласови од присутните полнолетни граѓани на собирот, жители на облиците на месната самоуправа.
Член 31
На Собирот на граѓаните може да се предложат, односно утврдат најмногу два пати повеќе кандидати од вкупниот број на членови на Советот.
Општина Охрид
Градоначалник,
Никола Бакрачески