Нови канти за ситен отпад на градскиот и малиот плоштад

ЈП „Охридски Комуналец” во пресрет на новата туристичка сезона, постепено ќе ја обновува урбаната опрема на територијата на општина Охрид.

„Денеска се поставуваат 10 нови канти за депонирање ситен отпад на градскиот плоштад и новиот мал плоштад. Новите канти имаат поестетски изглед и функционалност, со поцинкувана внатрешна влошка со поголем капацитет.“– информираат од претпријатието.

Досегашните канти за ситен отпад ќе бидат дислоцирани на локации каде има потреба од овој вид на урбана опрема.

korpi