Компанија од автомобилската индустрија не извести дека донеле одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија и во која ќе се вработат 2.000 до 2.500 лица, изјави премиерот Никола Груевски.
Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.
„Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика“, рече Груевски.