Министерството за транспорт и врски информира дека објави оглас за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија. Предмет на електронското јавно наддавање се две градежни працели во општина Кратово и тоа:
– Една градежна парцела предвидена со ДУП за дел од Урбана единица 1 Блок 2 со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Д1 со големина од 1657 m2 со почетна цена од 532 денари од метар квадратен.
– Една градежна парцела предвидена со УП за с. Вакуф, У.Б. 2.1, со намена за изградба на Б5 хотелски комплекси со компатибилни класи на намена Б1, Б2, Б3, Б4, Б6, В2, В3, Д3 со големина од 24314 m2 со почетната цена 148 денари од метар квадратен.
Пријавите за учество на јавното наддавање за градежните парцели можат да се достават до 08.04.2015 година, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.
Право на учество во јавното наддавање имаат физички лица (државјани на Република Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија) и правни лица (домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Македонија).
Целосниот текст на јавната објава може да се прочита на интернет-страницата на Министерството за транспорт и врски -www.mtc.gov.mk.