Учениците од ОУ „Св.Климент Охридски, заедно со своите наставнички, денес ја посетија општина Дебрца, при што остварија средба со градоначалникот Игор Трајкоски.
Основците се запознаа со работата на градоначалникот и Локалната самоуправа. Тие имаа можност преку прашања да се информираат за она што нив ги интересираше во однос на функционирањето на оваа општина.
Градоначалникот Трајкоски им објасни на децата како се носат одлуките во општината и какви се предизвиците со кои се соочува, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. На крајот на средбата, тој им посака успех во образовниот процес и им потенцира дека нивните добри резултати претставуваат афирмација и растеж за општината.