Со брза интервенција на “алфите“ фатен пред да побегне со “плен“ вреден околу 120.000 денари

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицeто К.Д. (26) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело – “тешка кражба“ предвидено и казнивo по чл. 236 од КЗ на РМ, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари, за што од страна на Судија на претходна постапка изречена му е мерка – одземена патна исправа и јавување во суд.

Кривичното дело пријавениот заедно со уште едно непознато машко лице чиишто идентитет осомничениот не го открива го извршиле на минатиот викенд, односно на 08.03. во попладневните часови во село Сопиште на подрачје на Кисела Вода. Имено, откако предходно со ПМВ “Форд фиеста“ дошле во село Сопиште и истото го оставиле отклучено со клуч на бравата за стартување, се упатиле кон куќата која што била цел на кривичното дело. Откако се увериле дека нема да бидат забележани од никого, со помош на подесен предмет и физичка сила делувале на влезната балконска врата од дневната соба на куќата при што влегле внатре. Во куќата направиле пребарување во просториите од приземниот дел од каде не одзеле ништо, а потоа по внатрешните скали се качиле на горниот кат каде направиле претурање во спалната соба од каде одзеле златен накит при што ја напуштиле куќата.

Пред да го извршат кривичното дело, сторителите биле забележани од страна на соседот на оштетените, кој седел во својата гаража од спротивната страна на улицата, и забележал две машки непознати лица облечени во темна облека со капчиња со тремчиња на главите како стојат пред влезната врата од куќата на оштетениот. По кратко време соседот слушнал тап удар, а потоа преку прозорецот од кујната забележал осветлување во куќата од батериски светилки и веднаш телефонски се јавил на бројот 192 и информирал дека во моментот се врши кражба во куќа. По кратко време двете машки лица излегле од куќата, меѓутоа во тој момент пристигнале полициски службеници од ЕПОИ АЛФА и во намерата да ги легитимираат двете лица се дале во бегство. При бегањето украдениот накит го фрлаат во една нива.

По кратко време пријавениот К.Д. е фатен а второто лице побегнало. Од страна на ПС од ОИД пронајдениот златен накит кој му е вратен на сопственикот. Врз основа на добиена наредба од ОСС I Скопје извршен е претрес во домот во село Волково каде живее пријавениот К.Д. каде се пронајдени предмети за кои дополнително ќе се утврдува дали потекнуваат од други кривични дела .