Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец, свечено го отворија Дневниот центар за лица со посебни потреби.
„Ова претставува прв ваков Дневен центар кој што е приватен и кој што се отвора во оваа Општина. Како министерство за труд и социјална политика и како Влада на Република Македонија наш приоритет е развивање на мрежата на дневни центри за деца со посебни потреби и пречки во развојот. Досега се отворени 27 дневни центри и 6 приватни Дневни центри за деца со пречки во развојот. Само оваа година Министерството за труд и социјална политика во соработка со Општините во Република Макенија инвестира во отворање на 7 Дневни центри во различни Општини во различни градови во нашата држава, набрзо очекуваме да бидат отворени во Скопје, во Општина Центар, во Велес, Кочани, Штип, Липково и Битола”, рече Спасов.
Спасов потенцираше дека и понатаму ќе се продолжи со низа активности со цел да се зголемува и унапредува мрежата на Дневни центри кои што претставуваат одлична форма на вонинституционална заштита и социјална сервисна служба преку која што практично се дава поддршка на децата со пречки во развојот.
„Би сакал да им честитам на Општина Кисела Вода и на градоначалничката, за поддршката која што ја имаат дадено на приватниот инвеститор се со цел еден ваков објект да се стави во една намена за овие деца од Кисела Вода и Градот Скопје“, заврши Спасов.