Ученици од ЦОУ „Дебрца“ ги посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија

Во рамките на училишниот проект „Училиштата во музеите и музеите во училиштата“ кој започна да се реализира на почетокот на учебната година, ученици од ЦОУ „Дебрца“, заедно со наставниците на овој проект, деновиве го посетија Музејот на Македонската борба и Археолошкиот музеј на Македонија, во Скопје.

„Учениците при посетата имаа можност да се запознаат со богатата историја на македонскиот народ. Тие ја погледнаа  копијата на Саркофагот на Александар Македонски, римската кочија, стаклената чаша дијатрета, штитот од село Бонче и да ги погледнат восочни фигури, уметнички слики, вредни оргинални мозаици, реконструкција на објекти од неолитот, автентична музика и видео анимации.“- информираат од училиштето.

DSC08604