Еден ден учителката им дала задача на учениците да напишат реченица која го содржи зборот „Ананас“. Завршиле сите со пишување, почнале да читаат сите со ред, па дошол редот и кај малиот Перо.
– Ајде Перо! Прочитај ни ја реченицата што ја напиша! – му рекла учителката.
– Мојот татко зеде плата, па цел ден по кафани, по кладилници, сите пари ги потроши, ананас не мислеше!