Дечкото и признал на девојката дека ја сака, а таа го прашува:
– Имаш ли ти два Мерцедеси?
– Немам!
– А куќа на два спрата?
– Немам!
– Е па тогаш, ништо нема да има помеѓу нас!
Загрижен дечкото оди кај татко му, му ја раскажал целата приказна, а таткото му одговорил:
– Синко, ако навистина ја сакаш таа девојка, тогаш продај ги Ламборџинито и Ферарито, па купи ги тие два Мерцедеси, ама да рушиме четири спратови од куќата е навистина бесмислено!