Поевтинува дизелот, а бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,15 %. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво утврдени со Одлуката од 09.03.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 67,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.03.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 09.03.2015 година и со тоа цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,677 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 09.03.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 26,248 ден/кг.

WebOhrid